Гигантот меѓу социјалните мрежи, „Твитер“ воведе план за ограничување на потенцијалниот удел на милијардерот претприемач Илон Маск во компанијата, откако тој даде необврзувачка понуда од 43 милијарди долари за купување на целата компанија.
Одговарајќи на понудата на Маск, одборот на „Твитер“ усвои план за правата на акционерите со ограничено времетраење, наречен „отровно апче“ („poison pill“) што го ограничува Маск и околу зголемувањето на својот удел на 15 отсто. Милијардерот веќе поседува повеќе од 9 отсто од акциите на „Твитер“.
Одборот го усвои планот за правата по неочекуваниот и необврзувачки предлог за преземање на „Твитер“. Планот важи до 14 април 2023 година, а целта е да се намали веројатноста – кој било ентитет, лице или група да добие контрола на „Твитер без да им плати на сите акционери соодветна премиум-контрола или без да му обезбеди доволно време на одборот да расудува врз основа на сите факти и да преземе активности кои се во најдобар интерес на акционерите – се вели во соопштението на компанијата.
Фирмата извести дека планот за правата не го спречува одборот да преговара со други засегнати страни или да прифати предлог за купување, доколку одборот смета дека тоа е во интерес на „Твитер“ и неговите акционери. Според овој план, правата ќе станат остварливи доколку ентитетот, лицето или групата стекнат право на сопственост од 15 отсто или повеќе во трансакција што не е одобрена од одборот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.