Поранешниот претседател на Европскиот совет, Доналд Туск, се изјасни против каква било форма на отстапки кон Русија во обидот да се запре војната во Украина.
Секоја наша слабост, секоја наша отстапка ќе биде искористена против нас. Колку се построги санкциите, толку е поголема нашата солидарност со Украина, толку е поголема шансата да се избегне најлошото сценарио, а тоа е војна на наша територија – изјави Туск.
Говорејќи пред средбата на лидерите на земјите од ЕУ, претседателот на Европската народна партија порача дека европското „помирување“ со Русија во изминатата деценија е „можеби најголемата геополитичка грешка“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.