Во турските дипломатски претставништва во 73 земји и на 46 гранични пуктови денеска се гласа за вториот круг од претседателските избори во Турција, што ќе се одржи на 28 мај, јавуваат турските медиуми.
Избирачките места се отворени и на аеродромот во Истанбул и на граничните пунктови за гласачите кои живеат во странство да можат да го дадат својот глас во вториот круг од претседателските избори во Турција.
Гласањето во турските дипломатски претставништва ќе заврши на 24 мај, а на граничните пунктови на 28 мај.
Во првиот круг од изборите на 14 мај, актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган доби 49,5 отсто од гласовите, а лидерот на опозициската Национална алијанса, Кемал Кулчдароглу 44,89 отсто. Синан Оган од Алијансата АТА доби 5,17 отсто од гласовите.
За да победи во првиот круг, кандидатот требаше да освои повеќе од 50 отсто од гласовите.
Во првиот круг од изборите на аеродромот во Истанбул гласаа над 18.000 турски граѓани.
Над 1,8 милиони граѓани гласаа во турските дипломатски претставништва и на граничните пунктови за изборите на 14 мај. Одѕивот на гласачите беше 52,6 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.