Турската крајбрежна стража во текот на ноќта спасила 58 мигранти во Егејското Море. Како што јави агенцијата Анадолија, тие се нашле во турските води откако го напуштиле грчкиот брег.
Во близина на брегот на областа Сеферихисар во Измир биле пронајдени 45 лица, а 13 од нив во областа Дикили. Тие се однесени кај локалните миграциски власти за извршување на регуларната процедура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.