Турција отвори граничен премин со Ерменија со цел да овозможи испорака на хуманитарна помош за жртвите од земјотресот во 10 јужни турски провинции.

Агенцијата Анадолија јавува дека пет камиони со хуманитарна помош поминале преку граничниот премин Аличан во турската област Угдер. Пунктот последен пат беше употребен во 1988 година, кога турската Црвена полумесечина достави помош по земјотресот во Ерменија.

Да извлечеме нешто добро од оваа голема катастрофа. Солидарноста спасува животи!“, напиша турскиот ерменски пратеник, Гаро Пајлан на Твитер.

Целата копнена граница меѓу Турција и Ерменија е затворена од 1993 година, по судирите меѓу Ерменија и Азербејџан, каде што живеат етнички Турци.

Двете соседни земји ги обновија дипломатските контакти на крајот на 2021 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.