Турските безбедносни сили неутрализирале уште седум екстремисти на Курдската работничка партија (ПКК) во северна Сирија.

Како што соопшти турското Министерство за одбрана, „терористите на ПКК“ биле нападнати од турските сили додека планирале напад врз турски војници.

ПКК има свој огранок во соседна Сирија, каде што е позната како ИПГ.

Турција, САД и ЕУ ја прогласија ПКК за терористичка организација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.