Tурскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, изјави дека новите мировни предлози за Украина, што ги претстави рускиот претседател Владимир Путин, се трошка надеж дека конференцијата во Швајцарија би можела да биде поефикасна доколку на неа учествуваа руски претставници.
Русија неодамна претстави нови услови. Без оглед на нивната содржина, тие се важен чекор и трошка надеж за почеток, изјави Фидан на отворањето на конференцијата за Украина во Швајцарија.
Фидан додаде дека конференцијата „би била повеќе ориентирана кон резултати доколку претставниците на Русија биле присутни таму во салата“.
Турскиот минстер додаде дека официјална Анкара верува во потребата од целосно дипломатско решение на конфликтот и дека неговата земја е секогаш подготвена да прифати нови преговори меѓу Москва и Киев.
Според него, последниот обид на турските власти да предложат алтернатива на прекинатиот договор за жито, бил блиску до договорот на двете страни.
Рускиот претседател Владимир Путин во петокот ги претстави новите мировни предлози за решавање на конфликтот во Украина, кои вклучуваат признавање на статусот на Крим, Народните републики Доњецк и Луганск и регионите Херсон и Запорожје како региони на Русија, Украина да прифати воена неутралност, нејзина демилитаризација и укинување на антируските санкции.
Украинската страна ја отфрли иницијативата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.