Над 11.200 луѓе ги загубија животите во катастрофалниот земјотрес кој ги погоди Турција и Сирија.
Додека спасувачките екипи се борат со времето за да спасат живот повеќе, очекувањата се дека во наредните денови ќе бидат пронајдени уште жртви.
Оваа тешка ситуција во која се наоѓаат Турција и Сирија, сепак некои ја користат за да профитираат. Фудбалерот на Лестер и турски репрезентативец Чаглар Сојунчу го откри ова преку социјалните мрежи.
-Читаме и гледаме дека некои неморални луѓе кои немаат зрно хуманост се обидуваат да ги ограбат и продадат ќебињата за пет пати повисока цена додека во земјата, за жал, луѓето и натаму се обидуваат да спасат животи. Не смеат да поминат неказнето, не смееме да ги оставиме на раат, напиша фудбалерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.