Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, порача дека Турција отсекогаш поддржувала политичко решение на сирискиот конфликт.

Режимот (сирискиот) не верува во политичко решение, тој верува во воено решение. Трајното решение е политичкото – изјави Чавушоглу во Анкара на прес-конференција со неговиот латвиски колега Едгарс Ринкевич одржана во Анкара.

Чавушоглу истакна дека Турција верува дека помирувањето е клучот за траен мир во Сирија, додавајќи дека Анкара силно го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на Сирија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.