Серискиот прототип на суперсоничното беспилотно летало „Бајрактар“ – „​​Кизилелма“ беше изложен на Текнофест, авијациска изложба што традиционално се одржува на турскиот аеродром Самсун Чаршамба на Црното Море, пишува „Слободна Далмација“.

Најновиот модел на „Бајрактар“, кој често се користи во војната во Украина, е вест сам по себе, но уште поинтересно е што два сериски прототипа на „Кизилелма“ треба да бидат опремени со млазни, турбофан мотори од украинскиот производител „Ивченко прогрес“ од Запорожје, град кој денес се наоѓа на самата линија на фронтот.

Текнофест е голем настан во светот на воздухопловството и се организира по повод Денот на победата во Самсун, регионот каде што идниот татко на турската нација, Кемал Мустафа Ататурк, извојувал клучна победа во Војната за независност во 1922 година.

Турскиот производител на беспилотни летала потпиша договор со Украинците пред почетокот на војната во Украина, а Анкара и Киев основаа заедничка високо технолошка компанија „Црноморски Штит“.

Компанијата од Запорожје се обврза да испорача сониен модел на својот мотор „AI-322F“ и суперсоничен „AI-25TLT“, додека понапредната серија Б ќе вгради 2,5 пати посилен украински „AI-322F“ мотор (и турски „TEI TF-6000“). Првиот лет на прототипите на „Кизилелма“ е планиран за следната година.

Според најавите, најновото чудо на турската технологија ќе лета на работна височина од 12.000 метри. „Кизилелма“ на 10.700 метри ќе може да остане во воздух цели пет часа. Според засега познатите податоци, дронот од „послабата“ серија може да достигне максимална брзина од 900 км/ч, додека неговата брзина на крстарење е 740 км/ч со борбен радиус од 930 километри.

Дронот е тежок 5,5 тони, како солиден деловен авион со два мотори. Неговата носивост ќе биде тон и половина, од кои еден тон се однесува на смртоносни средства. Дронот ќе има мал радар, можност за автоматско полетување и слетување, како и висока способност за маневрирање.

Според очекувањата, првото полетување следната година ќе се случи од платформата на амфибискиот јуришен брод на турската морнарица „ТЦГ Анадолу“ [L-400], без катапулт, како што се прави на носачите на авиони.

Дизајнерот на оваа гордост на турската воена индустрија е Селџук Бајрактар, сопруг на ќерката на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, Сумеја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.