ЦИА предупредува дека Иран ќе изрви напад врз Израел во рок од 48 часа како одговор за нападот на иранскиот конзулат во Дамаск.

Израел неделава уби двајца ирански воени команданти во напад на конзулатот во главниот град на Сирија, а Иран вети дека ќе се одмазди за нападот.

Иран наводно планира комбиниран напад со „дожд“ од дронови и проектили испукани од неговите бази на стратегиски локации во Израел.

Американските власти веќе изразија стравувања дека израелскиот напад во Дамаск може да доведе до поширока војна на Блискиот Исток.

Поранешниот функционер на ЦИА Ралф Гоф кој дејствувал на Блискиот Исток кажа дека израелскиот напад бил „непромислен“ и додаде дека „тоа ќе резултира со ескалација на Иран и неговите застапници“.

Во изјава за Њујорк тајмс, тој додаде дека Израел се обидува да удри на Иранската револуционерна гарда за да ја „казни за тековните заговори за убиства или киднапирања на израелски Евреи низ светот“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.