Цените на нафтата беа главно непроменети на меѓународните пазари во средата во раното попладневно тргување, бидејќи се намали загриженоста дека конфликтот на Блискиот исток може да се прошири и да го загрози производството во еден од најголемите региони за производство на сурова нафта во светот.
Цената на барелот на лондонскиот пазар остана речиси непроменета од претходното затворање, на 80,59 долари. На американскиот пазар барелот се тргуваше по пониска цена од 19 центи, по 78,16 долари.
Откако на почетокот на минатата семица во Лондон го достигна најниското ниво во последните седум месеци од 76,30 долари за барел, во понеделникот порасна за повеќе од 3 отсто на 82,30 долари.
Организацијата на земји извознички на нафта (OPEC) објави дека во вторник цената на барелот од референтната нафтена кошничка на нејзините членки пораснала за 86 центи, на 80,78 долари.
„Неодамнешниот раст на суровата нафта беше запрен вчера поради падот на цените, бидејќи стравувањата од одмазднички напад на Иран врз Израел се намалија, со намалена премија за ризикот“, вели Ешли Келти од „Panmurа Liberum“.
Иран на крајот од минатиот месец вети жесток одговор на атентатот на лидерот на Хамас во Техеран на крајот од јуни. Тројца високи ирански претставници рекоа дека само договор за прекин на огнот во Појасот Газа може да го спречи Иран директно да му се одмазди на Израел за атентатот. Израел ниту ја потврди, ниту негираше својата вмешаност. За да се спротивстави на Иран, американската морнарица распореди воени бродови и подморница на Блискиот Исток.
„Степенот на иранската одмазда, како и одговорот на Израел, најверојатно ќе одреди дали сегашниот конфликт на Блискиот исток ќе се прошири во регионален конфликт“, рече Вивек Дар од „Commonwealth Bank of Australia“.
Цените на нафтата ги закочи и со намалената проценка на побарувачката за 2025 година објавена од Меѓународната агенција за енергија (IAE) во вторникот, наведувајќи го влијанието на ослабената кинеска економија. Ова дојде откако OPEC веќе ја намали својата проценка за 2024 година од слични причини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.