Родителите Фарман и Лејла Шервани и нивните две деца, синовите Матин (2) и Шахин (12), беа пронајдени мртви во понеделникот во градот Ален во американската сојузна држава Тексас. Според првите полициски извештаи, трагедијата укажува на убиство и самоубиство, а страшното злосторство се случило неколку недели откако се удавила девојче од истото семејство.

Полицијата соопшти дека четири мртви тела биле пронајдени во домот откако полициски службеници одговориле на повикот од социјалните служби.

Припадници од локалната исламска заедница ги идентификувале четворицата членови на семејството Шервани и со полицијата споделиле дека четиригодишно девојче од истото семејство се удавило во базенот пред три недели.

Полицискиот наредник Џонатан Менес изјавил дека детективите веруваат дека споменатото давење „било изговор за злосторството“, пренесува „Ен-Би-Си“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.