Најмалку осум лица се ранети откако вооружен маж отвори оган во автобус во близина на Западниот ѕид во Стариот град во Ерусалим, соопштија израелските власти.

Осомничениот пукал во автобусот додека верниците се враќале од молитва на светото место.

Две лица, меѓу кои и една трудница, се во критична состојба.

Трудницата, за која се вели дека има околу 30 години, била застрелана во стомакот, а лекарите веднаш ја оперирале и со царски рез го извадиле бебето. Бебето е во сериозна, но стабилна состојба, се вели во соопштението.

Во критична состојба е и маж со прострелни рани во главата и вратот. „Џерусалим пост“ пишува дека напаѓачот се предал по повеќечасовна трага на полицијата по него.

Возачот Данијел Каниевски за локалните медиуми изјави дека неговиот автобус бил полн во моментот на пукањето.

„Ја спуштив рампата за да влезе човек во инвалидска количка, а потоа почна пукањето. Сите паѓаа и врескаа. Се обидов да избегам, но не можев да го стартувам автобусот додека рампата на вратата беше спуштена“, рече тој.

Медиумите наведуваат дека четворицата повредени се членови на исто семејство кои дошле во Израел од Њујорк. Напаѓачот наводно е палестинец жител на Источен Ерусалим.

Израелскиот премиер Јаир Лапид рече дека секој вклучен во нападот „ќе ја плати цената за нападот врз цивилите“.

Нападот се случи една недела откако 47 лица беа убиени во Појасот Газа во текот на три дена додека израелските сили ги гаѓаа водачите на радикалниот палестински исламски џихад (ПИЈ), а екстремистите истрелаа повеќе од 1.000 ракети врз Израел.Екстремистичката група соопшти дека изгубила 12 борци. Министерството за здравство во Газа објави дека останатите загинати се цивили, меѓу кои најмалку 17 деца.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.