Гувернерот на рускиот регион Белгород кажа дека тројца цивили се загинати во напад со дрон во село близу границата со Украина.
Украинската војска лансираше експлозивна направа со дрон и тројца луѓе беа на улица, објави Вјачеслав Галдков на „Телеграм“.
Руското министерство за одбрана, пак, кажа дека осетило напад со дронови во Москва. Оттаму велат дека два дрона биле соборени од противвоздушната одбрана, но градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин рече дека била погодена една зграда во изградба.
Летовите на трите главни аеродроми во Мосва, Шереметјево, Домодедово и Внуково беа на кусо запрени, втора ноќ по ред.
Киев не ги коментира нападите на руско тло.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.