Во нападот со нож во центарот на Париз повредени се најмалку три лица, од кои едното е во критична состојба.
Во соопштението за медиумите од париската полиција се наведува дека осомничениот напаѓач е уапсен и кај него е пронајдена италијанска возачка дозвола, пренесува весникот „Фигаро“.
Париската полиција потврди дека во нападот со нож се повредени три лица, од кои двајца се во релативно тешка состојба, а третото е во критична состојба.
Според полициски извори, засега не се познати мотивите за нападот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.