Тројца полицајци се повредени кога учесниците на протест во Париз против полициското насилство го нападнале нивното возило, објави телевизијата БФМТВ.

Шефот на париската полиција, Лоран Нуњез, на социјалната платформа Икс (Твитер) изјави дека се приведени три лица.

Францускиот министер, Жералд Дарманен, го оценил инцидентот како „неприфатливо насилство“.

Протести против полициското насилство се одржаа и во уште неколку други градови во Франција.

Во Париз толпата извикуваше „Полиција насекаде, правда никаде“, „Нема правда, нема мир“ и „Правда за Нахел“, тинејџерот убиен на 27 јуни во близина на Париз за време на рутинска сообраќајна контрола. Неговата смрт предизвика бран немири во земјата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.