Британците се подготвуваат за светска војна во следните 5-10 години, покажуваат податоците од испитување на јавното мислење во Велика Бриотанија на платформата „ЈуГов“

Повеќе од половина од испитаниците се убедени дека на нивна страна ќе се борат САД, Франција, Германија, Полска и Австралија. Помала доверба дека ќе застанат на јивна страна, Британците имаат за Израел, Јужна Кореја, Јапонија и Индија.

Британците ги гледаат Русија, Иран, Кина и Cеверна Кореја како свои непријатели. Двосмислена позиција има за Пакистан, Аргентина, Куба и Виетнам.

Земји за кои Британците не се јасни како би постапиле:

▪️ Турција (18% – на страната на Британија, 20% – против Британија)

▪️ Јужна Африка (18% – на страната на Британија, 10% – против Британија)

▪️ Бразил (9% – на страната на Британија, 7% – против Британија)

31 отсто од испитаниците веруваат во победа над Кина, додека пак, 13 отсто од Британците би се обложиле на пораз од Руската Федерација. Ако треба да се спротивстават на Русија и Кина во исто време, 31 отсто од Британците веруваат дека ќе победат.

Исто така, 59% од Британците веруваат дека за време на светска војна најверојатно ќе се користи нуклеарното оружје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.