Во 20 часот по централно американско време, синоќа Доналд Трамп му даде интервју на Илон Маск на платформата Твитер. Маск и Трамп зборуваа за важните прашања, како и за обидот за негов атентат, Тричасовниот разговор беше нарушен од хакерски напад кој го одложи разговорот за 40 минути.

Интервјуто се емитуваше во живо на Х профилот на Трамп. Пристапот на Трамп до неговиот профил @realDonaldTrump е вратен откако Маск е сопственик на X. Претходните сопственици го симнаа од мрежата поради нападот на Конгресот на 6 јануари 2021 година, за којшто обвинија дека е оркестриран од Трамп и неговите соработници.

На крајот од тричасовниот разговор, Маск повторно го поддржа Трамп и ги повика умерените гласачи да го сторат истото.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.