Венецијанското обвинителство стави три лица под истрага за минатонеделната автобуска несреќа во градската област Местре, во која загинаа 21 лице, меѓу кои и еден хрватски државјанин, објави во четвртокот локалниот весник „Ил Газетино“.

Станува збор за извршниот директор на автобуската компанија „Ла Лине“ и двајца функционери на градот Венеција – управител на секторот за транспорт и мобилност за внатрешното подрачје на градот и раководител на одделението за одржување на патиштата.

Тие наводно ќе одговараат за убиство со возило, повеќекратно убиство, нанесување тешки или многу тешки повреди на пат и телесни повреди.

Дваесет и едно лице загина, а околу дваесет се повредени откако автобус со туристи излетал од надвозник во близина на Венеција во северна Италија и се запалил. Во несреќата загинаа еден Хрват, девет Украинци, четворица Романци, тројца Германци, двајца Португалци и еден италијански возач на автобус. Меѓу повредените е и еден Хрват.

Причините за несреќата не се јасни. Една хипотеза е дека возачот погрешил, но имало и сомнежи за состојбата на надвозникот, особено заштитните шини, наведува Анса.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.