Едно лице е потешко, а две се полесно повредени откако напаѓач ги избодел со нож изутринава на железничката станица Лион во југоисточниот дел на Париз, јави ДПА.
Обезбедувањето на станицата успеало да го совлада напаѓачот и да го предаде на полицијата. Тој при апсењето приложил италијанска возачка дозвола.
Трите лица биле избодени во чекалната на подземното ниво на станицата.
Мотивите за нападот засега се нејасни.
Поради нападот, дел од станицата Лион привремено беше затворен, а железничкиот сообраќај прекинат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.