Американската Федерална комисија за комуникации (ФЦЦ) ги додаде „АО Касперски лаб“ (АО Kaspersky Lab), „Чајна телеком“ (China Telecom (Americas) Corp) и „Чајна мобајл интернешнл САД“ (China Mobile International USA) на својата листа на комуникации за комуникациска опрема и услуги кои се сметаат за закана за националната безбедност на САД.

Во согласност со Закон од 2019 година, ФЦЦ ја ажурира и објавува листа на компнаии за комуникациска опрема и услуги кои претставуваат неприфатлив ризик за националната безбедност или по безбедноста на поединци во САД.

Минатата година ФЦЦ класифицира пет кинески компании како закана по националната безбедност на САД.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.