Телата на исчезнатите Најли Тапија (22), Јулијана Масијас (21) и Дениз Рејна (19) беа пронајдени минатата недела покрај реката Есмералдас недалеку од градот Кининде во северозападниот дел на Еквадор.
Според информациите од местото на настанот, девојчињата биле мачени, им биле исечени грлата, а биле пронајдени во плиток импровизиран гроб. Телата биле пронајдени откако локални рибари забележале кучиња како се задржуваат на брегот на реката и душкаат.
Рибарите за се ги информирале локалните власти откако забележале многу непријатна миризба.
Полицијата го истражува случајот, а семејствата на девојчињата бараат нивното страдање да не се поврзува со трговија со дрога. Локалните медиуми објавија дека и девојките биле врзани, а устата им била покриена со завои.
Тие беа млади, облечени за на плажа, во костими за капење, лесна облека, шорцеви“, изјави Диего Веластеги, полициски службеник.
Тие потекнуваат од градот Санто Доминго де лос Касилас, кој е на околу 80 километри од местото каде што се пронајдени. Последен пат биле видени на 4 април, кога отишле на плажа, пренесува „Дејли мејл“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.