Три деца загинале откако пропаднале во замрзнато езеро во централна Англија, каде што времето е многу студено, со мраз и обилни врнежи снег.
Момчињата на возраст од осум, десет и 11 години биле извадени мртви од езерото во Солихал, во близина на Бирмингем, но за нив немало помош, соопштија од полицијата, додавајќи дека четвртото дете на шестгодишна возраст е хоспитализирано, но се уште во критична состојба.
Спасувачки екипи се уште го пребаруваат езерото и продолжуваат со потрагата, по уште можни жртви бидејќи, според изјави на сведоци, под мразот пропаднале најмалку шест лица.
Во Велика Британија веќе неколку дена е мошне студено, а температурата падна и до 15 степени Целзиусови под нулата.
Британската метеоролошка служба (Met Office) издаде предупредување за снег, магла и мраз.
Големи прекини во сообраќајот има во неколку региони, вклучувајќи го и Лондон.
Аеродромите „Станстед“ и „Гетвик“ привремено затворени за да се исчистат пистите од снег, а многу летови беа откажани.
Патниот сообраќај исто така е сериозно нарушен на главните патишта низ Лондон, со големи доцнења поради снегот и мразот на патиштата. Доцнат и возовите каде што има и откажани линии. Во некои училишта во Велика Британија немаше настава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.