Трговскиот промет меѓу Русија и Индија пораснал 1,8 пати во 2023 година, достигнувајќи рекордни 65 милијарди долари, покажуваат податоците на индиската статистичка служба.

Таквите бројки покажуваат дека минатата година, Русија стана четвртиот најголем трговски партнер на официјален Њу Делхи, надминувајќи ја Саудиска Арабија.

Со тоа, Русија станала вториот најголем снабдувач на стоки во Индија, додека извозот на индиски стоки во Русија се зголемил за 1,4 пати.

Истовремено, пад на трговскиот промет е забележан со останатите земји кои беа вклучени во првите пет по обем на трговска размена со Индија: САД -9%; Кина -2%; ОАЕ -7%; Саудиска Арабија -17%.

Во овој период, Русија и Индија го интензивирале напуштањето на доларот и еврото во меѓусебната трговија и се движат кон трговија во националните валути.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.