Литванските власти покренаа истрага за трговија со 43 украински деца за посвојување, изјави еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон, во пленарната сала на Европскиот парламент.
Таа ја повтори опасноста од таква трговија со луѓе во услови на долготрајни воени дејствија.
Еврокомесарката Јохансон рече дека од почетокот на војната армијата на Путин убила 158 деца и тоа не треба да остане неказнето, нагласувајќи ја улогата на Евроџаст и Европол за таа цел.
Околу 2,5 милиони украински деца биле принудени да ги напуштат своите домови од почетокот на војната, а околу два милиони ја преминале границата на ЕУ, изјави еврокомесарката за демократија и демографија Дубравка Шуица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.