Воени бродови на морнариците на Русија и Кина ја почнаа третата заедничка поморска патрола во Тихиот Океан.
Како што соопштија од руската Тихоокеанска флота, задачите на заедничката патрола се зајакнување на поморската соработка меѓу Русија и Кина, одржување на мирот и стабилноста во азиско-пацифичкиот регион, како и следење на морската област и заштита на објектите на поморската економска активност на двете земји.
Откако бродовите го напуштија Владивосток, во водите на заливот Петар Велики беше формиран заеднички конвој кој тргна по рутата која претходно ја договорија двете страни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.