Со усвојувањето на новиот закон во Франција се забранува таканаречената конверзивна терапија.

Казни и затвор се пропишани за сите оние кои користат ненаучни методи во обид да ја променат сексуалната ориентација или родов идентитет на ЛГБТ лицата.

Законот е донесен едногласно, 142 – 0.

Казни се пропишани за надрилекарите кои сакаат да ги „конвертираат“ хомосексуалците во хетеросексуалци.Пратениците оценија дека законот ќе важи за оние кои ја сметаат хомосексуалноста за болест и дека, кога е во прашање хомосексуалноста, нема со што да се лекува. Пропишана е затворска казна до две години и парична казна до 30.000 евра. Доколку се работи за малолетници или други ранливи групи, казната може да биде до три години затвор и 45.000 евра. Законот стапува на сила за 14 дена кога ќе го потпише претседателот Емануел Макрон.

Ваквите терапии веќе се забранети во неколку американски држави и Порторико.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.