Американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп вчера изјави дека влогот на изборите во 2024 година „не може да биде поголем“, додавајќи дека светот „стои на работ на третата светска војна“.

-Влогот на овие избори не може да биде поголем. Под Џо Бајден, нашите граници се избришани. Милиони илегални странци упаѓаат од целиот свет. Нашата средна класа е уништена од инфлацијата на Бајден. Насилните криминалци дивеат во градовите управувани од демократите, додека органите на редот се вооружени против христијаните, конзервативците и верниците, напиша Трамп на својата социјална мрежа „TruthSocial“.

Тој додаде дека во исто време војна се води во Украина и на Блискиот Исток, додека Кина му се заканува на Тајван, а Иран е на неколку сантиметри оддалечен од нуклеарна бомба.

Тој рече дека е единствениот кандидат на изборите кој е „на висина на задачата да ја спаси Америка од сите катастрофи на Бајден, почнувајќи од првиот ден“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.