Поранешниот американски претседател Доналд Трамп постојано се фалел дека знаел недозволени детали поврзани со љубовниот живот на францускиот претседател Емануел Макрон.

Како што објави на својот Твитер профил француско-германскиот новинар Нилс Вилке, повикувајќи се на пишувањето на престижниот американски магазин Ролинг Стоун „Трамп тврди дека има информации за „сексуалниот живот“ на Макрон“.

Ваквите наводи ја наведоа Франција да побара истрага за тоа што поранешниот претседател знаел за неговиот француски колега.

Поточно, Трамп им се пофалил на некои од неговите најблиски соработници – и за време и по неговиот престој во Белата куќа – дека знае недозволени детали за љубовниот живот на францускиот претседател Емануел Макрон.

Не е јасно дали документот поврзан со Макрон што ФБИ го заплени за време на претресот има некаква врска со личниот живот на францускиот претседател.

Исто така, не е јасно дали информациите за Макрон запленети во Мар-а-Лаго потекнуваат од собирање на американското разузнавање или дури и се класифицирани како доверливи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.