Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го критикуваше премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, велејќи дека не бил подготвен за напад на палестинската милитантна група Хамас.
Не беше подготвен. Израел не беше подготвен. А под Трамп не би морале ниту да бидат подготвени, изјави Трамп за Фокс њуз, пренесуваат британските медиуми.
Обраќајќи им се на приврзаниците на митинг во Флорида, поранешниот американски претседател рече дека „во текот на минатата недела некои работи тргнале наопаку“.
Мора тоа да го исправат, бидејќи се борат со потенцијално голема сила. Тие потенцијално се борат против Иран, рече Трамп.
На неговите коментари одговори гувернерот на Флорида и противкандидат за претседателските избори, Рон Десантис.
Апсурдно е кој било, а уште помалку некој што се кандидира за претседател сега да го напаѓа нашиот пријател и сојузник, напиша Десантис на социјалните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.