Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги таргетира оние кои „мамеле“ на претседателските избори во 2020 година, доколку победи во трката за Белата куќа на ноемвриските избори. Трамп, кој загуби од Џо Бајден во 2020 година, тврди дека гласањето било наместено и против него.
„Изборите во 2024 година ќе бидат под најтесна професионална контрола и кога ќе победам, оние луѓе кои мамат ќе бидат кривично гонети во согласност законот, кој ќе вклучува долги затворски казни, за да не се повтори ова прекршување на правдата“, напиша поранешен претседателот Трамп на платформата „Truth Social“.
„Ве молиме имајте предвид дека оваа правна изложеност се протега на адвокати, политички оперативци, донатори, нелегални гласачи и корумпирани изборни службеници. Оние кои се вмешани во несовесно однесување ќе бидат барани, фатени и кривично гонети, за жал, на нивоа досега невидени кај нас“, нагласи тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.