Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, обраќајќи им се на своите приврзаници во Ајова, истакна дека светот никогаш не бил толку блиску до избувнувањето на Третата светска војна, како што е сега.
Мислам дека никогаш не сме биле во толку голема опасност од трета светска војна како што сме сега. И како што велам во секој говор, ќе спречам трета светска војна, ги познавам сите тие луѓе“, порача Трамп.
Според него, САД под управата на неговиот наследник Џозеф Бајден станале „слаба и неефикасна држава“ чие мислење не се зема предвид на светската сцена.
Трамп истакна дека Третата светска војна, ако навистина почне, нема да биде вообичаено бојно поле меѓу армиите и воената опрема на двата противници.
Ова воопшто не е исто како Првата и Втората светска војна. Тоа беше страшно, но оваа ќе биде многу поголема, ќе има целосно уништување“, посочи Трамп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.