Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера во Тексас им порача на илјадници приврзаници дека е подложен на една по друга лажни истраги и дека е прогонуван со сталинистички методи.

Од почетокот тоа беше лов на вештерки и лажна истрага една по друга, нешто директно од ужасите на сталинистичка Русија, рече тој.

Трамп во моментов е под истрага од страна на обвинителите на Менхетен за евентуално кршење на законите за финансирање на кампањата бидејќи и платил на порно актерка 130.000 долари за да не зборува за врската со него во пресрет на претседателските избори во 2016 година.

Специјален истражител од Министерството за правда ги истражува наводите дека сокрил куп тајни документи со намера да ги поништи резултатите од претседателските избори во 2020 година.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.