Доналд Трамп, 45-тиот американски претседател, кој ја извршуваше функцијата од 2017 до 2021 година, официјално ја поднесе својата кандидатура за следните претседателски избори во САД во 2024 година.

За 76-годишниот Трамп тоа ќе бидат трети претседателски избори во неговата политичка кариера. Тој победи на прелиминарните избори и стана претседател, додека во 2020 година загуби од Џо Бајден, актуелниот претседател на Соединетите Американски Држави.

Инаку, во рамките на сопствената партија, Трамп во последните денови имаше препораки да се откаже од кандидатурата бидејќи одредени кандидати што ги поддржа постигнаа лоши резултати на неодамнешните избори за Сенатот.

Соработниците на Трамп поднесоа барање за претседателска кандидатура во 2024 година, додека Трамп прими бројни поддржувачи и обожаватели во неговиот луксузен имот на Флорида, Мар-а-Лаго.

Враќањето на Америка започнува токму сега, им порача републиканскиот кандидат на своите донатори и поддржувачи и најави дека ќе ја започне својата кампања речиси две години пред вистинските избори, кои се закажани за 5 ноември 2024 година.

Ја објавувам мојата кандидатура за претседател за да ја вратам големината и славата на САД. Ова нема да биде мојата кампања, ова ќе биде нашата кампања“, рече Трамп.

Засега не се знае кој ќе биде лидер на демократите на претседателските избори. Според претходните изјави, актуелниот прв човек на САД, Џо Бајден, има намера да се кандидира на нови избори, а својата одлука треба да ја претстави следната година.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.