Републиканецот Доналд Трамп и демократката Камала Харис уживаат, речиси, идентична поддршка меѓу гласачите на два месеца до претседателските избори во САД, покажува анкетата на „Њујорк Тајмс“ и Сиена колеџот. Трамп има поддршка од 48 отсто од електоратот, еден процентен поен повеќе од Харис, пренесува „Си-Ен-Ен“.
Резултатите од анкетата се објавени во пресрет на најавениот ТВ дуел во вторник. Тоа ќе биде нивно единствено директно соочување пред изборите во ноември. Јавноста во САД со нетрпение ја очекува дебатата, бидејќи 28 отсто од гласачите изразиле желба да слушнат нешто повеќе за Харис, наспроти седумте отсто кои сакаат да дознаат новост за Трамп.
Речиси 50 отсто од испитаните во анкетата сметаат дека Харис е премногу либерална, а Трамп премногу конзервативен. Анкетата е спроведена меѓи 3 и 6 септември меѓу 1.695 регистрирани гласачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.