Германија наскоро би можела да престане да постои како земја поради ескалацијата на енергетската криза, изјавил поранешниот американски претседател Доналд Трамп, пишуваат медиумите во регионот.

Тој кажал дека еднаш ја предупредил Ангела Меркел дека зависноста на Берлин од руската енергија може да доведе до „предавање“.

За време на митингот на Републиканската партија во Охајо, Трамп ја критикувал енергетската политика на Џозеф Бајден.

„Иако за време на мојот мандат САД станаа енергетски независни и на пат да станат „целосно доминантни“ во енергетиката, пред Саудиска Арабија и Русија, Бајден ја стави Америка во позиција да „моли за енергија“, рекол Трамп.

На митингот Трамп зборувал и за „бесната состојба“ во Германија.

Според неговите зборови, тој ја предупредил тогашната канцеларка Ангела Меркел дека гасоводот Северен тек 2, кој требаше да ја снабдува Германија со руски гас, ќе ја направи Германија уште позависна од увозот на руска енергија.

Трамп, според написите, рекол дека испратил „бело знаме за предавање“ на Ангела Меркел кога таа одбила да се откаже од проектот.

„Ако добивате 72 отсто од енергијата од Русија, еве ви бело знаме, затоа што многу брзо ќе се предадете“, го прераскажал Трамп неговото предупредување до Меркел, пишува во новинарските извештаи.

Според нив, поранешниот американски претседател истакнал дека „Германија сега се враќа на старомодните работи, вклучувајќи го и јагленот“, и покрај претходните ветувања за спроведување на зелена агенда.

„Но, тие немаат избор, нема да имаат држава, нема да имаат земја“, предупредил Трамп пред да се врати на темата за домашната политика, пренесува RT.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.