Младата девојка Кејлин Гилис (20) била убиена откако, барајќи куќа на пријател во северниот дел на Њујорк, била застрелана откако по грешка влегла со својот автомобил на туѓ имот, соопшти полицијата.

Гилис се возела во округот Вашингтон со пријателите кога свртела во патека на Патерсон Хил Роуд во Хеброн. Таа брзо ја сфатила својата грешка и се обидела да си замине, изјави шерифот Џефри Марфи.

Во тој момент, сопственикот Кевин Монахан (65) излегол на терасата од куќата и испукал два куршума во возилото. Еден од куршумите ја погодил 20-годишната девојка. Тоа е многу рурална област каде што патеките често се слабо осветлени ноќе, нема многу мобилни услуги или каков било вид на интернет – рече шерифот.

Група пријатели се обиделе да повикаат полиција, но морале да возат пет милји до Гробиштата во Салем за да повикаат полиција, додаде шерифот. Медицинскиот персонал кој дошол на местото на пукањето можел само да констатира смрт на девојката.

Никој од групата не излегол од возилото ниту се обидел да влезе во куќата на Монахан пред тој да почне да пука – рекол шерифот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.