Спасувачките тимови во турскиот град Газинантеп пронашле скоро 2 милиони долари под рушевините на една куќа, а потоа ги предале на полицијата, пренела Анадолија.

Вкупно имало околу 2 милиони долари, спасителите парите ги предале на специјалците. Нашите луѓе пред се спасуваат животи, а драгоценостите се предаваат на полицијата. Ова не е единствен случај – рекол шефот на пожарникарската бригада Газинантеп, Чафер Јилмаз за Анадолија.

Претходно Министерството за вонредни ситуација на Русија соопштило дека спасителите од Руската Федерација под рушевините на станбена зграда во Турција пронашле 150 илјади долари во готовина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.