Јапонската корпорација „Тојота“ (Toyota Motor Corp.) е лидер на светскиот автомобилски пазар во првите шест месеци од 2023 година, надминувајќи го четврта година по ред (за периодот од првата половина од годината), германскиот концерн „Фолксваген“ и другите главни конкуренти.

Автомобилската индустриска групација „Тојота“ објави дека во првата половина од 2023 година продале 5,42 милиони возила ширум светот, што е 5,5 отсто повеќе од истиот период лани. Ова ја вклучува продажбата на нејзиниот оддел „Дајхатсу мотор“ (Daihatsu Motor Co.), што е специјализиран за производство на мали моторни возила, како и другата компанија во сопственост на „Тојота“ – производителот на камиони „Хино моторс Лтд“ (Hino Motors Ltd.).

Во првото полугодие од 2023., германскиот концерн „Фолксваген“ продал 4,37 милиони возила, што претставува зголемување од 12,8 отсто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.