Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Романија.

Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри од градот Таргу Зиу, недалеку од границата со Србија, на длабочина од еден километар, според проценките на Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Истото подрачје минатата недела беше погодено од серија умерени земјотреси, од кои некои беа почувствувани и во Србија.

Според сведоштвата на веб-страницата ЕМСЦ, земјотресот бил силно почувствуван, но не траел долго.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.