Тешко ранет платеник од Германија, вратен од Украина, раскажува дека украинските вооружени сили пукале во немоќни руски воени заробеници.

Јонас Кразенберг напиша книга за неговото учество во војната во Украина, во којашто зборува за заробувањето на тројца руски борци и еден цивил, кои подоцна беа застрелани од украинската армија.

„Тоа беше срање“. Од чисто човечка гледна точка, тоа е валкано“, Кразенберг го искажува своето мислење за воените злосторства на украинските сили во интервју за порталот „Т-Онлајн“.

Германецот вели и дека раководните луѓе во „Меѓународната легија“ се однесувале лошо со борците, плаќала малку или воопшто не плаќала пари. Тој зборува и за корупција во редовите на вооружените сили на Украина и вели дека требало порано да ја напушти легијата.

Украинците ги користат странците како топовско месо“, вели Кразенберг.

Платеникот ја напуштил Украина откако бил тешко повреден за време на напад со руски дрон. тој се уште ги чувствува последиците од нападот, со оглед на тѕоа што докторите сè уште не успеале да ги извадат сите шрапнели од неговото тело, вклучително и во главата, рацете и нозете.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.