Два воза утрово се судрија во градот Гдиња во северна Полска, а во несреќата се повредени пет лица, соопшти итната помош.
Четири лица се пренесени во болница, а на петтото лице му била укажана помош, пренесува АП.
Противпожарната бригада на Гдиња соопшти дека сите повредени се вработени во железницата.
Судирот се случил во 7 часот наутро во близина на главната станица во Гдиња, град на Балтичкото Море.
Во судирот првиот вагон на возот се превртел на страна, според фотографиите објавени во полските медиуми. Причината за несреќата сè уште не е позната, јави АП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.