Ранил Викремесинге, кој неодамна беше избран за премиер на Шри Ланка, изјави дека земјата се соочува со една од најтешката економска криза во изминатите 70 години и оти има нафта за само уште еден ден.
Премиерот во телевизиско обраќање до граѓаните посочи дека на Шри Ланка итно и се потребни 75 милиони долари во следните неколку дена за да може да купи основни продукти. Тој најави дека Централната банка ќе печати пари за да се исплаќаат плати и други побарувања во јавниот сектор. Викремесинге потврди дека државната авиокомпанија „Шри Ланка ерлајнс“, исто така, може да биде приватизирана.
Земјата е тешко погодена од пандемијата со Ковид-19, зголемувањето на цените на енергијата и популистичките даночни намалувања. Хроничниот недостиг на девизи и зголемената инфлација предизвикаа недостиг од лекови, гориво и други продукти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.