Американските власти открија подземен тунел меѓу Калифорнија и Мексико, со должина на фудбалски терен, а има и струја, вентилација, шински систем, зајакнати ѕидови, oбјави Гардијан.

Утврдено е дека тунелот води до складиштето до индустриската зона на американско тло.

Тунелот се наоѓа на 800 метри од граничниот премин Отај Меса, меѓу Тихуана и Сан Диего.

Откако ја надгледувале куќата што до неодамна е користена како „кутија“ за дрога, американските агенти почнале да запираат возила во близина на складиштето. Пронашле кутии полни со кокаин.

Запленети се 799 килограми кокаин, 75 килограми метамфетамÐ �н, 1.6 килограми хероин од запрените возила и „кутијата“. Уапсени се шест лица.

Од 2006 година, американските власти открија 15 иновативни тунели на границата со Мексико.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.