Експлозија одекна во Анкара во близина на зградата на турската корпорација ТУСАШ, производител на воени авиони и вселенска опрема, а причините се уште не се јасни, објави агенцијата ИХА.

„Се случи експлозија во производствениот погон ТУСАШво Анкара, област Кахраманказан. Се слушнаа и звуци од истрели“, се вели во соопштението.

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја денеска соопшти дека во просториите на Турската компанија за воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) бил извршен терористички напад, во кој имало убиени и ранети.

Јерликаја во објава на својот профил на социјалните мрежи објави дека терористичкиот напад бил извршен во комплексот на компанијата ТУСАШ во областа Кахраманказан во Анкара.

„За жал, во нападот имаме загинати и ранети. На нашите маченици им посакуваме Божја милост, а на ранетите брзо закрепнување. Јавноста ќе биде информирана за ситуацијата. Важно е да се земат предвид информациите што доаѓаат од официјалните извори“, рече Јерликаја.

Во областа се испратени безбедносни сили, пожарникари и болничари. Беше објавено дека персоналот на одбранбената фирма бил упатен во засолништа од безбедносни причини.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.