Индонезиската полиција денеска соопшти дека две лица загинале, а осум се ранети кога маж осомничен дека е исламистички екстремист се разнел во полициска станица во Бандунг.
Официјален претставник на индонезиската антитерористичка агенција БНПТ изјави за ТВ Метро дека екстремистичката група Џама Аншарут Даулах (ЈАД), која е блиска до Исламската држава, можеби стои зад нападот, пренесе „Ројтерс“.
Тој наведе дека ЈАД е одговорен за слични претходни напади во Индонезија.
Во нападот загинаа напаѓачот и еден полицаец, а повредени се еден цивил и седум полицајци, изјави за ТВ Метро, Ибрахим Томпо, портпарол на полицијата во Западна Јава.
Претходните години исламските екстремисти извршија неколку терористички напади во најголемата муслиманска земја во светот, а дел од целите беа цркви, полициски станици и места што ги посетуваат странци, потсетува британската агенција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.