Француското Обвинителство побара затворски казни од две до 15 години за осуммина обвинети за нападот на 14 јули 2016 година во Ница, при што загинаа 86 луѓе. Државното обвинителство за борба против тероризмот (ПНАТ) побара 15 години затвор за тројцата главни обвинети кои се гонат за „терористичко злосторничко здружување”. Судот да не ја задржи квалификацијата „терорист” за Рамзи Ареф, чиј беше камионот со кој е извршен атентатот, со образложение дека не знаел дека е радикализиран.

Тројца од обвинетите, Рамзи Арефа, Чокри Чафруд и Мохамед Граиб, беа кривично гонети под обвинение за приклучување кон терористичка организација.

Во нападот на Денот на француската република загинаа 86 лица, од кои 15 деца и млади луѓе, а повеќе од 450 беа повредени.

Тоа беше втор најсмртоносен терористички напад извршен на француска територија по 13 ноември 2015 година во Париз.

Сторителот на нападот, 31-годишниот Тунижанец Мохамед Лахуаиј-Бухел, кој го возеше камион тежок 19 тони и го влетал во насобраниот народ на Англиското шеталиште во Ница, беше убиен од полицијата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.