Терористички напад на католичката црква Санта Марија во Истанбул се случил денеска, а го извршиле две маскирани лица, изјави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.
„Едно лице загина во нападот на католичката црква Света Марија во областа Сариер во Истанбул“, рече министерот.
Министерот рече дека двајцата напаѓачи носеле маски и биле присутни меѓу верниците за време на неделната молитва.
#Istanbul #Turchia
Sparatoria nella chiesa italiana e cattolica di Santa Maria Draperis durante la messa domenicale.
Un morto e alcuni feriti.
La vittima è stata aggredita da 2 persone col volto coperto
(@giubberosse1 ) pic.twitter.com/eKz6VQzvOd— Valeria S. (@valy_s) January 28, 2024
Но Јерликаја додаде дека е покрената истрага.
На телевизиските снимки се гледаат полицајци и возила на брза помош пред католичката црква.
Министерот рече дека лицето идентификувано само како Ц.Т., кое присуствувало на неделна служба, починало по вооружениот напад.
„Силно го осудуваме овој подол напад“, рече Јерликаја.
Мотивот за нападот не е веднаш јасен, но гласините на социјалните мрежи укажуваат дека се работи за терористички напад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.