Премиерката на Нов Зеланд, Јасинда Ардерн, призна дека телото на новозеландскиот војник, кој загинал борејќи се во Украина, можеби никогаш нема да биде вратено дома.

Дваесет и осумгодишниот Доминик Абелен бил на неплателно отсуство кога отпатувал за Украина со цел да се бори за украинските сили. За овој чекор не известил никого, па ни своето семејство.

Прашање е дали воопшто ќе можеме да дојдеме на тоа подрачје од Украина. Тоа е воена зона. Немаме луѓе на терен. Немаме конзуларна поддршка на терен. Многу ни е тешко да направиме нешто во овој момент. Меѓутоа, тоа не значи оти не бараме што повеќе информации – изјави Ардерн.

Таа одби да одговори на прашања за смртта на војникот, вклучувајќи на кое место загинал, каде е неговото тело и дали е кај Русите.

Министерката за надворешни работи, Нанаиа Махута, нагласи дека Нов Зеланд го третира случајот Абелен како за граѓанин, а не како за војник, пишува „Гардијан“.

Како што сугерираат извештаи на локални медиуми, Абелен најверојатно загинал во бробите во источниот регион Донбас.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.